Cem Genco
09 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
ХАТАЈ (АА) - Турција по завршувањето на првата етапа од изградбата на монтажниот ѕид вдолж сириската граница во гратчето Рејханли, продолжи со изградба на ѕид во подрачјето најчесто користено за илегални преминувања на границата, јавува Anadolu Agency (АА).
Со цел спречување на криумчарењето и илегалните преминувања на границата, турските власти во Хатај подигнаа 11,5 километри долг монтажен ѕид на границата со Сирија.
Ѕид во изминатите четири месеци е подигнат во местата Букулмез, Кушаклик и Бесашлан
Станува збор за монтажен ѕид кој се гради со бетонски блокови широки два и високи три метри. Еден блок тежи седум тони.
Во тек е втората етапа на подигнување на монтажниот ѕид вдолж границата од Рејханли кон местото Хаса.