Kadir Karakuş
10 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу, најави денес во Анкара укинување на данокот за додадена вредност во неколку сегменти во секторот на земјоделството, неповратна финансиска помош на младите претприемачи и бескаматни кредити за младите во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го укинуваме ДДВ-то на сточната храна и ѓубриво. На младите земјоделци на име на нивните проекти им помагаме преку неповратна финансиска инекција во износ од 30.000 лири. Продолжуваме со развојните програми во 81 наш град и покраини“, рече Давутоглу.
Турскиот премиер најави зголемување на минималниот доход на месечно ниво, како и укинување на трошоците за личните документи на студентите и пензионерите. На младите во Турција, исто така, ќе им биде овозможено добивање кредити од повеќе десетици илјади лири, без камата.
Станува збор за сет мерки за погодност на граѓаните кои пред изборите ги вети Партијата на правдата и развојот (AK Parti).