АНКАРА (АА) - НАЗЛИ ЈУЗБАШИОГЛУ -
Во рамки на одлучната борба спроведена по обидот за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција извршен од страна на терористичката организација ФЕТО, против структурите на ФЕТО во странство, Турција продолжува да укажува на фактот дека ФЕТО претставува безбедносен ризик за земјите во кои врши активности, пишува Anadolu Agency (AA).
Турција продолжува во светски рамки преку Турската фондација „Маариф“ (ТФМ) да дејствува во насока на ограничување на движењето на ФЕТО во странство и водење правни постапки за преземање на контролата врз установите раководени од ФЕТО.
Новинарот на АА од дипломатски извори собра информации за активната борба на Турција против активностите на ФЕТО во Турција и во странство, во овие три години од обидот за државен удар извршен од страна на оваа терористичка организација, кој се смета за најкрвавиот терористички акт во историјата на Турција.
Преку обидот за државен удар на 15 јули во 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 турски државјанин, а повредени беа над 2.000 лица, беше откриена големата опасност која ФЕТО ја претставува за државата, и дешифрирана мрачната мрежа која оваа терористичка организација со десетици години ја градела преку своите училишта.
Во ноќта на обидот за државен удар турскиот народ покажа дека не признава друга моќ освен својата волја и покажа дека би се жртвувал себеси за заштита на својата држава и демократските придобивки. Од таа ноќ досега поминаа три години, а во овој период еден од основните приоритети на Турција беше борбата против ФЕТО во земјата и во странство.
- Борбата на Турција против ФЕТО во рамки на земјата -
Турција својата борба против ФЕТО во земјата ја водеше врз основа на принципите на владеењето на правото и зачувување на основните права и слободи.
Пред сѐ, Турција овозможи сторителите на обидот за државен удар на 15 јули да излезат пред правдата, во рамки на принципот на владеење на правото.
Потоа беше дешифрирана организациската структура на ФЕТО во државните институции, беа започнати административни и правни процеси против неговите припадници и беше потисната структурата на паралелната држава на ФЕТО.
Исто така, уништени се параванските структури на ФЕТО надвор од државните институции - во образованието, медиумите, банкарскиот сектор, како и во сите области на економијата.
- Активна борба против стуктурата на ФЕТО во странство -
По обидот за државен удар, ФЕТО го изгуби својот таканаречен главен столб во Турција, а во овој процес доживеа значајна трансформација и се обиде да опстои со својата структура во странство.
Во овој процес, борбата против структурата на ФЕТО надвор од Турција стана една од најприоритетните теми во агендата на Турција.
Главната точка во борбата против ФЕТО беше откривање на фактот дека оваа терористичка организација претставува безбедносен ризик и за земјите во кои врши активности.
Во овој контекст, со конкретни примери е покажано дека ФЕТО од 1990-тите години формирала структури во други земји исто како во Турција, каде што имала за цел да создаде простор за политичко и економско влијание, а во оваа насока не се двоумела ни да ги прекрши законите во тие земји во кои имала активности речиси како разузнавачка организација.
Друга точка во борбата против ФЕТО во странство беше ограничување на движењето на ФЕТО во странство, да се овозможи нејзините припадници да не можат да бегаат од правдата, како и преземените административни мерки и судски процеси за спречување на трансферот на пари. Во рамки на истрагите отворени во Турција против истакнатите челници на ФЕТО во странство, поднесени се барања за нивна екстрадиција до земјите во кои се наоѓаат овие припадници на ФЕТО.
Исто така, фокусот е ставен и во активностите на Турската фондација „Маариф“ низ светот, со цел да се спречи неуспех во чекорите направени против ФЕТО во областа на образованието.
- Некои земји и меѓународни организации ФЕТО ја прогласија за терористичка организација
Во рамки на интензивните напори извршени со придонес на мисиите на Турција во странство, подигната е свеста кај странската јавност против ФЕТО.
На меѓународната сцена веќе се знае дека оваа терористичка организација не е едно општествено движење кое работи со образование и хуманитарни работи како што таа сама се претставува, туку е една мрачна и подмолна организација која има економски и политички амбиции.
Некои земји и меѓународни организации ФЕТО ја прогласија за терористичка организација.
Во овие рамки, на 43. седница на министрите за надворешни работи на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС), организирана на 19 октомври 2016 година, ФЕТО беше прогласена за терористичка организација. Слична одлука беше донесена и на 1 декември 2016 година од страна на Азиското парламентарно собрание (АПА), која беше потврдена на 27 јануари 2017 година на 12. конференција на Парламентарната унија на ОИС. Покрај Турската Република Северен Кипар, Врховиот суд на Пакистан на 28 декември 2018 година донесе одлука за прогласување на ФЕТО за терористичка организација.
- Турската фондација „Маариф“ ги презеде училиштата поврзани со ФЕТО -
Овие земји внимателно ги следеа и истражуваа активностите на елементите поврзани со оваа организација.
Откриени беа нелегалните работи кои ги извршиле структурите поврзани со ФЕТО во различни земји, а потоа беа и депортирани припадниците на оваа организација. Покрај лицата кои беа депортирани во трети земји, над 110 припадници на ФЕТО во над 20 земји беа екстрадирани во Турција.
Турската фондација „Маариф“ презеде училишта поврзани со ФЕТО во 18 различни земји и стави крај на активностите на училиштата и јазичните курсеви на ФЕТО во 36 земји.
Како резултат на притисокот од напорите на Турција врз припадниците на ФЕТО во странство, забележано е сериозно ограничување во нивното дејствување во странство. Освен во Турција, интензивирано е бегството на припадниците на ФЕТО во голем број земји во кои врши активности во светот, претежно во Африка.
Забележана е јасна деградација во глобалната мрежа на ФЕТО, додека Турција со одлучност ги продолжува своето дејствување против активностите на ФЕТО.