Aldıjana Hadzıc
09 Јануари 2016•Ажурирај: 10 Јануари 2016
БАЛИКЕСИР (АА) - Во местото Хавран на западот на Турција, се преврте автобус кој превезувал сириски бегалци. Во таа прилика загинаа осум, а повредени се 42 лица, јавува Anadolu Agency (AA). Во несреќата загина и возачот на автобусот.
Меѓу повредените од кои седум се тешко повредени, се наоѓаат 12 деца и една бремена жена.
На местото на несреќата се екипите на брза помош како и екипите за спасување. Повредените лица се хоспитализирани во најблиските болници.