Günay Nuh
12 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
АРДАХАН (АА) – ГУНАЈ НУХ – Сопствениците на санки со коњ на езерото Чилдир, во северозападна Турција, секој ден ги вадат своите коњи од шталите за да ги подготват за зимската сезона и со нетрпение ги очекуваат првите снежни врнежи, пишува Агенција Анадолија (АА).
Површината на езерото Чилдир е целосно покриена со мраз поради намалените температури последните денови. Но, сè уште ги нема очекуваните снежни врнежи за да можат сопствениците на санките да им нудат услуги на туристите.
Моментално езерото е лизгаво и коњите не можат да се движат, затоа со нетрпение се очекува првиот снег.
- „Езерото замрзна рано“ -
Уфук Ада, сопственик на една таква санка со коњ, во изјавата за АА истакна дека езерото оваа година замрзнало порано во споредба со претходните години.

Наведувајќи дека замрзнувањето на езерото го достигнало посакуваното ниво, Ада рече:
„Езерото Чилдир замрзна порано во споредба со минатата година и за кратко време ја достигна посакуваната дебелина на мразот. Се израдувавме дека има мраз, но жалиме дека нема снег. Коњите не можат да се движат на мразот, може да правиме само мали тури на брегот. Со нетрпение ги очекуваме снежните врнежи. Сакаме да заврши овој копнеж за снег.“
Наведувајќи дека дошол во регионот заради лицата што сакаат да фотографираат, Ада рече дека по нивно барање прави кратки тури во крајбрежната област.
Велејќи дека десетици сопственици на санки со коњи ги чекаат врнежите од снег, Ада додаде:
„Всушност, ние сме тим од пет лица, но само јас дојдов тука. Не можеме да се движиме како што сакаме, постои ризик. Дебелината на мразот е идеална, но коњите не можат да се движат по мразот. Затоа мора да има снег. Коњите имаат тешкотии при движењето.“