Mehmet Akif Parlak
19 Јануари 2022•Ажурирај: 20 Јануари 2022
ГАЗИАНТЕП (АА) - Спасени се две илјади луѓе кои поради обилните снежни врнежи останаа заробени на Автопатот Тарсус - Адана - Газиантеп (ТАГ) во Република Турција, соопшти гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ѓул во изјавата за АА рече дека автопатот од синоќа е затворен.
Приоритетот на спасувачките екипи беа болните граѓани на кои им беше потребна лекарска помош.
„Автопатот е затворен. Медицинските тимови, итните случаи и оние на кои им е потребна терапија, ги превезуваат до здравствените установи. Нема никој на кого му била потребна лекарска помош, а да не е однесен до установата“, рече Ѓул.

Поделени се и пакети со храна на луѓето кои останаа заробени на патот.
„Висината на снегот е 45-50 сантиметри. Дојде и до сообраќајни несреќи. Екипите на терен настојуваат да ги разрешат случаите“, рече Ѓул.
Додаде дека се работи на расчистување на сообраќајницата.
„Се надеваме дека состојбата ќе биде подобра како што одминува денот. Спасени се 2.000 луѓе кои беа блокирани на автопатот“, рече Ѓул.
Ги повика граѓаните да го намалат движењето и користењето возила бидејќи густиот сообраќај им ја отежнува работата на екипите на терен.