Fatih Çakmak
13 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Канцеларијата на турската полиција за борба против криумчарење и организиран криминал формираше специјална екипа од 40 лица, која ќе го истражува вмешување на терористичкаа организација ФЕТО/ПДЈ во случајот на нерегуларност за Јавниот испит за прием на државните службеници во Турција (KPSS), но и другите јавни испити, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на АА, се работи за екипа од 40 стручни лица од областа на организиран и финансиски криминал која ќе ја испитува вмешаноста на ФЕТО/ПДЈ, во испитите KPSS, KPDS, YDS, TUS i ÖSYM.
Инаку, Кривичниот суд во Анкара, на почетокот на месецот прифати второ обвинение во врска со кражба на испитните прашања за прием на државни службеници, а претходно покренатото обвинение против вкупно 230 осомничени е потврдено од судот на 25 декември минатата година.
Во обвинението се наведува дека извештаите на сите надлежни органи потврдиле точност во наводите дека осомничените украле испитни прашање и пред тестирањето ги поделиле на одбраните кандидати. Зад нелегалните активности стои терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, односно движењето познато како „Хизмет”.
Се наведува дека меѓу оние кои на испитот одговориле на сите 120 прашања се наоѓаат поголем број на службеници во образованието. Помеѓу приведените се наоѓаат и двајца вработени на турскиот јавен Радио телевизиски сервис (TRT).
Фетулах Гулен е лидер на организацијата ФЕТО со која во повеќе државни институции биле поврзани „паралелните структури ” кои со злоупотреба на позииците се обиделе да предизвикаат дестабилизација на земјата и извршат државен удар.
Во Турција се водат низа на судки процеси во врска со таа организација во која се покренати обвиненија за прислушкувања, злоупотреба на позииците и овластувањето, обид за државен удар и други криминални активности.
Операциите на полицијата против организацијата на Гулен се покренати во 2014 година и до сега се приведени вкупно 3.146 осомничени лица. Налогот за апсење е издаден за 629 лица.
Турските власти на 2-ри февруари од САД побараа укинување на зелениот картон на Фетулах Гулен. На него, на 28-ми јануари 2015 година, по основа на давање на лажен исказ, поништен му е турскиот пасош.