Kaan Bozdoğan
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во рамките на борбата против терористичката организација ПКК, турските безбедносни сили во покраината Дијарбакир открија и уништија речиси шест и пол милиони стебла на индиски канабис засадени на повеќе локации, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските сили за безбедност започнаа опсежни акции во подрачјето на Лиџе со цел неутрализација на терористичките елементи на ПКК во планинските делови на регионот, како и со цел уништување на големите посеви индиски канабис чие одгледување претставувало еден од главните извори на финансирање на ПКК.
Во изминатите три дена со акција на турските војници на повеќе од сто локалитети пронајдени се и уништени вкупно 6.438 милиони стебленца на индиски канабис.
Паралелно со чистење на откриените насади и уништување на канабисот, војската ја пребарува областа со цел откривање на евентуални нови насади.
Денес армијата пронајде ново поле со 2.7 милиони стебла на канабис и во тек е обезбедување на подрачјето пред чистење на полето.
Притоа армијата пронајде и околу 400 килограми сува марихуана која терористите во вреќи ја закопале во земја.
Во акциите се вклучени над 15.500 припадници на турските безбедносни сили и досега се уапсени 59 осомничени, меѓу кои три лица кои се обвинети за трговија со дрога.
Меѓу осомничените е и еден локален овчар кој во изјавата за полицијата рекол дека терористите на ПКК му се заканувале на локалното население со цел да им се помага во одгледувањето на канабисот во спротивно ќе бидат убиени.
„Ми запленија десетици грла стока и немав избор. Принуден сум да им помагам во кривичните дела”, рекол приведениот овчар.