Didar Yüsra Dilruba Öz
22 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Според соопштението издадено денес, турските вооружени сили вчера уништија 93 позиции на ДЕАШ, вклучувајќи засолништа, командни и контролни центри во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската армија потврди дека еден борец на Слободната сириска армија е повреден во вчерашната борба.
Специјалната единица на војници од Слободната сириска армија, поддржана од Турција, ги продолжи нападите за контрола на областа источно и западно од Ал-Баб.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ започна кон крајот на август со цел да се расчисти северната сириска гранична област од терористите. Операцијата утре го одбележува 90. ден од започнувањето.
Досега, над 215 населени области, вклучувајќи повеќе од 1.800 квадратни километри земја во северна Сирија се расчистени од терористите на ДЕАШ како дел од оваа операција.
Во денешниот извештај на армијата исто така се вели дека вкупно 40 мини и 1.673 импровизирани направи се деактивирани од почетокот на операцијата на 24. август.