Ekipa
11 Мај 2018•Ажурирај: 12 Мај 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во местото Ајваџик во близина на турската област Чанаккале беа фатени 26 странски државјани кои илегално се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, екипите на турската жандармерија извршиле акција во местото Корубаши, во близина на Ајваџик и фатиле најмалку 26 лица. Станува збор за мигранти од Сирија, Авганистан, Ангола, Јужна Африка и Иран. Меѓу нив има и жени и деца.
Мигрантите беа префрлени во локален Центар за враќање странци.
Само во 2017 година турските безбедносни сили привеле 50.000 мигранти од 50 земји. Станува збор за зголемување на бројот на мигранти од 60 отсто во споредба со 2016 година, кога беа приведени 31.000 мигранти.