Hanife Erdinç
04 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
ЧАНАККАЛЕ (AA) - Во местото Ајвачик во близина на турската област Чанаккале фатени се 29 мигранти кои илегално се обидоа да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, екипите на турската крајбрежна стража во текот на патролирањето во близина на местото Кадирга Бурну забележаа група миграни која се наоѓаше на брегот со гумен чамец.
Во акцијата изведена на две милји од копно фатени се 29 мигранти, меѓу кои имаше и жени и деца, а се работи за мигранти по потекло од Иран и Авганистан.
Тие се превезени на копно каде им е укажана помош во вид на храна и облека, а потоа се предадени на Центарот за враќање на странци во Ајваџик.