Mehmet Yavaş,Burak Akay
07 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
ЧАНАККАЛЕ (AA) - Во подрачјето Ајваџик кој се наоѓа во турскиот град, Чанаккале, биле фатени 44 илегални мигранти кои се подготвувале илегално да преминат во грчкиот остров Лезбос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, тимовите на жандармериска команда во Ајваџик изврши операција во една напуштена зграда во село Бадемли во Ајваџик, при што биле фатени 44 лица со потекло од Сирија, Авганистан и Еритреја, меѓу кои деца и жени.
Илегалните мигранти биле пренесени во прифатниот центар за странци во Ајваџик за понатамошни процедури за нивно враќање во нивните земји.