Sarp Özer
02 Февруари 2019•Ажурирај: 03 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Граничните единици при Турските вооружени сили (ТСК) фатиле четири припадници на терористичката организација ДЕАШ кои се обиделе на илегален начин да излезат во странство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Елементите на граничните сили при ТСК вчера на граничната линија во подрачјето на Акчакале во турскиот град Шанлиурфа, открија четири осомничени лица кои на илегален начин се обиделе да ја преминат границата кон странство.
Осомничените Фериде Самур, О. С., А. А. и М. Г. биле фатени и предадени на турската жандармерија, а откриено е дека во рамки на истрагите против тероризмот, постоела црвена потерница за фаќање на Фериде Самур.
Исто така, осомничените се приведени од страна на турските власти.