Tuba Şahin
09 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Стапката на пополнетост на хотелските капацитети во Турција во месец јули изнесува 74,9%, стапка што е повисока од истиот месец минатата година, објави денес турското Министерството за култура и туризам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бројот на туристи кои доаѓаат во сместувачките капацитети во земјата порасна за 6 отсто на годишно ниво, односно на 9,9 милиони во месецот.
Вкупниот број ноќевања во јули достигна 28,8 милиони, што претставува пораст од 5 отсто во однос на истиот месец минатата година.