Mesut Varol
05 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
ВАН
- МЕСУТ ВАРОЛ
Островите и заливите на езерото Ван во Турција го привлекуваат вниманието на домашните и странските туристи преку активностите кои се организираат во последно време, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со својата недопрена природа и чиста вода, островите Акдамар, Чарпанак, Адир и Куш на езерото Ван, излегуваат на преден план со своите туристички и историски карактеристики.
Четирите острови на езерото Ван, кое е најголемото езеро во Турција, се домаќини на важни цивилизации со културните и историските остатоци кои му пркосат на времето.
Островите кои се прогласени за археолошки локалитет, со историските објекти и заливите, го привлекуваат вниманието на туристите кои го посетуваат тоа подрачје.

Домашните, како и странските туристи кои доаѓаат во Ван, имаат можност да ги посетат овие острови со брод. Исто така, посетителите се сведоци на визуелната глетка на галебите кои прават гнезда на островите.
Директорот на Одделот за култура и туризам во градот Ван, Ерол Услу, во изјава за АА истакна дека оваа година забележале голем број туристи во градот.
„Што се однесува до потенцијалот на посетители на островот Акдамар во овие четири месеци, можеме да забележиме дека овие лица го посетуваат поради историското и културолошкото значење. Интензитетот на посетите е показател на тоа дека ќе привлечеме поголем број посетители оваа година. Островот Акдамар во овие четири месеци угости 25.000 посетители“, рече Ислу.

Тој нагласи дека продолжуваат со работите за промовирање на островите на ова езеро.
Од друга страна, директорот на Одделот за култура при Општина Ван, Мухлис Каја, истакна дека за развој на туризмот организирале 13 различни активности од октомври.
Меѓу другото, Фатма Короглу Челик, посетителка на островот Чарпанак, рече дека за првпат имала можност да го посети ова место и дека неговата природа поседува извонредна убавина.
Седат Јилмаз, љубител на фотографија, нагласи дека регионот има многу пријатен амбиент.
