Merve Aydoğan
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција, остро го осуди процесот на изградба на нови населби кој го спроведува Израел на окупирана територија на Палестина, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Остро ги осудуваме израелските власти кои го продолжуваат процесот на изградба на повеќе од 1.000 куќи во окупираниот Западен Брег како дел од илегалните населби“, се вели во соопштението на турското МНР.
„Израелската влада треба да стави крај на оваа неодговорна, рамнодушна позиција што го нарушува меѓународното право и релевантните резолуции на ОН“, се додава во соопштението.
Турција, исто така, истакна дека израелското одобрување на нови населби е во спротивност со основните права на палестинскиот народ, особено правото на живот и дека може да доведе до конфликт во регионот.
Во соопштението исто така се осудува неодамнешното губење на животите на двајцата Палестинци во Газа и Наблус, како резултат на интервенциите направени од окупаторската власт.
Израелските власти вчера ја одобрија изградбата на стотици нови стамбени единици за еврејските доселените на подрачјето на окупираниот Западен брег.