Eşber Ayaydın
17 Март 2021•Ажурирај: 19 Март 2021
ШАНЛИУРФА (АА) - Канцеларијата за патенти и трговски марки на Турција ја регистрира црната роза (караѓул), што во светот расте само во Халфети, Шанлиурфа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Општина Халфети, на 18 септември 2019 година било поднесено барање на иницијатива на градоначалникот Шереф Албајрак, да се регистрира црната роза, која има уникатен изглед и мирис.
Од листовите на црната роза се произведуваат разни креми, сапуни и колонска вода. По испитувањето спроведено од Канцеларијата за патенти и трговски марки на Турција, розата е патентирана.
Градоначалникот Албајрак истакна дека вложуваат напори областа Халфети да стане многу посетувано место.
Изјавувајќи дека црната роза е многу важна за областа, Албајрак рече: „Црната роза (караѓул) го привлекува вниманието на сите наши гости што доаѓаат во областа, со својот уникатен мирис и изглед од почвата каде што расте. Од црната роза се произведува џем, локум, парфеми, колонска вода, чоколадо, сапун и разни креми.“
Албајрак, исто така, им се заблагодари на оние што дале придонес во процесот на регистрирање на розата.