Burak Bir
24 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
АНКАРА
Главниот народен правобранител на Турција подготви извештај за воените злосторства извршени од страна на Ерменија за време на шестнеделните борби во регионот Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Извештајот ќе биде испратен до релеватните институции и организации во Турција и низ светот“, изјави денес народниот правобранител, Шереф Малкоч.
Малкоч изјави дека извршиле увид во населените области кои биле погодени од проектили, за време на теренските посети на Азербејџан, како и на териториите окупирани од Ерменија.
„Намерното напаѓање на населените места далеку од фронтот е злосторство против човештвото“, рече тој за АА и додаде: „Ова е некомпатибилно со основните права утврдени со Европската конвенција за човекови права и Женевската конвенција“.
Малкоч изјави дека во извештајот, исто така, е наведена и употребата на забрането оружје и муниција и дека уништувани се училишта, места за богослужба и домови.
„Извештајот служи како доказ во меѓународните судења“, изјави народниот правобранител.
„Тие ги претворија џамиите во свињарници и ги уништија гробовите на муслиманите“, рече тој.
Ерменија го окупираше Нагорно Карабах, регионот кој е признат како дел од Азербејџан во 1990 година.
Новите судири околу спорот избија на 27 септември и продолжија сè додека не беше постигнат договор за примирје со посредство на Русија, кој беше потпишан на 10 ноември.
Ерменската Армија започна напади врз цивилите и азербејџанските сили и прекрши три хуманитарни договори за прекин на огнот за време на 44-дневниот конфликт.
Азербејџан ослободи неколку градови и речиси 300 населби и села од ерменска окупација.
Примирјето, кое беше набљудувано од Русија и Турција, се смета како победа за Азербејџан. Во рамките на договорот, Ерменците ги предаваат териториите кои беа окупирани од нив со децении.
Ерменските демонстранти повикаа на оставка на ерменскиот премиер Никол Пашинјан поради прифаќање на поразот. Министерот за надворешни работи и министерот за одбрана на Ерменија веќе се повлекоа од своите функции.