Burak Bir
03 Февруари 2020•Ажурирај: 05 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, денеска изјави дека од 5 февруари сите летови од Кина ќе бидат суспендирани до крајот на овој месец, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција ќе започне со скрининг со термални камери врз патниците кои патуваат од Јапонија, Тајван, Хонгконг, Сингапур, Јужна Кореја, Малезија“, изјави Коџа.
Тој додаде дека ниту еден од 61-от патник кој беше тестиран во болницата „Зекаи Тахир Бурак“ во Анкара, не бил позитивен на коронавирусот.
Коронавирусот досега одзеде 362 животи. Над 17.200 други лица се заразени.
Покрај Кина, вирусот се прошири во повеќе од 24 земји, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Кореја, Тајланд, САД, Сингапур, Франција, Виетнам, Малезија, Камбоџа, Шри Ланка, Филипини, Индија, Непал и Канада.
Патниците од Кина се испитувани со скрининг-методи на аеродромите низ светот и неколку авиокомпании ги суспендираа летовите до Вухан.
Јапонија, Јужна Кореја, САД, Австралија, Пакистан, Индија, Франција, Германија, Индонезија и Турција ги евакуираа своите државјани од Вухан, епицентарот на смртоносниот вирус.