Ahmet Salih Alacacı
06 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили денес уапсија 13 лица под сомнеж дека се припадници на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Осомничените се уапсени во операции извршени низ 10 области, а поради користење на апликацијата за кодирани пораки на ФЕТО „БајЛок“ (ByLock).
До овие апсења дојде откако од Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул беа издадени налози за апсење на 26 осомничени лица.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.