Zehra Nur Düz
28 Октомври 2021•Ажурирај: 29 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Уште еден терорист на ПКК се предаде на турските безбедносни сили како резултат на кампањата и методот на убедување, објави денес турското Министерство за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористот, кој беше на портокаловата листа на барани од Министерството за внатрешни работи, се приклучил на ПКК во 2010 година и беше активен во Ирак“, соопшти Министерството.
Листата на барани е поделена во пет категории, во црвената категорија се најбараните, потоа сина, зелена, портокалова и сива.
„Бројката на терористи кои го имаат положено оружјето како резултат на користењето на методот на убедување оваа година стигна до 167“, истакнаа од Министерството.
Во Турција, лицата кои се поврзани со терористичките организации, и се предаваат, имаат право за можно намалување на казната, според Законот за покајание.
Според турските претставници, во изминатите години терористчката ПКК, срушена и деморализирана од страна на успешните операции на турските безбедносни сили, губи членови и не успева да привлече нови.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.