Sibel Uğurlu
12 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Хеликоптерот кој вчера се урна во Истанбул бил на тестирачки лет, велат турските воени извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Најмалку четворица војници загинаа вчера кога воениот хеликоптер се урна за време на принудното слетување во Истанбул во близина на населената област во подрачајето Чекмекој.
Воените официјални претставници соопштија дека по катастрофата на 26 ноември во Истанбул, на 126 авиони од типот UH-1 им било дозволено да летаат по успешно завршување на моторните тестови.