Zafer Arslan
14 Мај 2017•Ажурирај: 15 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во градот на Босфор, Истанбул, се одржа третиот Маратон за деца, на кој трчаа околу 10.000 малолетници, јавува Anadolu Agency (AA).
Децата беа регистрирани во утринските часови, а потоа пред трката следуваше загревање.
Децата од 10 до 13 години поделени во неколку групи трчаа на 900 и на 1.500 метри, а децата до три години со семејствата се натпреваруваа на 300 и 1.500 метри
На крајот на маратонот на сите учесници им беа доделени медали и уверенија, а децата радоста ја поделија со своите семејства.
Исмаил Озбајрактар, генерален менаџер за спорт во градот Истанбул, рече дека на маратонот присуствувале околу 10.000 деца, а дека да биле угостени околу 50 до 60.000 луѓе.
„Пораката што сакаме да ја испратиме е дека е важно да се занимаваме со спорт. На овие трки нема први и втори. Поради тоа нашиот слоган е 'Добредојдовте шампиони, учеството е победa'“, врече Озбајрактар.