Mehmet Şah Yılmaz
18 Јуни 2021•Ажурирај: 18 Јуни 2021
АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, се состана со високиот комесар за надворешна политика и безбедност на Европската Унија Жозеп Борел, јавува Агенција Анадолија (АА).

Состанокот е одржан во Анталија на маргините на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и на Дипломатскиот форум, кои се одржуваат во тој медитерански град.
„Разговаравме за голем број теми кои се однесуваат на Турција и Европската Унија, меѓу кои и ажурирањето на Царинската унија, миграциите и визната либерализација“, наведе Чавушоглу на Твитер.