Tuğçenur Yılmaz,Zuhal Demirci
12 Јули 2019•Ажурирај: 13 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакнувајќи дека продолжува процесот на испорака на системот „S-400“, рече: „Нема никаков проблем. И по ова, процесот ќе продолжи без проблеми“, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу одржа заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи на Шведска, Игназио Касис, по состаноците на делегациите и билатералните средби.
Чавушоглу, одговорајќи на прашањето во однос на испораката на првиот дел од системот „S-400“, рече:
„Тој договор е завршен и процесот продолжува. Ние ги координираме тие работи, како што се дозволата за авиони, дозволите за персоналот. Во однос на овие прашања процесите продолжуваат. И Министерството за национална одбрана ја даде потребната изјава. Нема никаков проблем. И по ова, процесот ќе продолжи без проблеми“.
Претседателството за одбранбена индустрија при Кабинетот на претседателот на Турција соопшти дека првата фаза од испораката на одбранбениот систем „S-400“, кој Турција го набавува од Русија, започнала денес со слетувањето на првиот авион во Анкара.