Nazlı Yüzbaşıoğlu,Ömer Tuğrul Çam
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во врска со нападот на Ерменија врз азербејџанските позиции рече дека тоа што го прави Ерменија е неприфатливо и дека Турција и турскиот народ се покрај Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на телевизискиот канал „ТРТ Хабер“ одговараше на прашањата во врска со моменталните случувања.
Во врска со нападот на Ерменија врз азербејџанските позиции во пограничниот регион Товуз, Чавушоглу нагласи: „Секако, азербејџанската Армија го направи она што е потребно и ги одврати овие напади. Од тука може да заклучиме дека Ерменија, создавајќи области на нови конфликти сака да го одвлече вниманието од другите места што ги окупираше.“
Турскиот министер истакна дека Ерменија досега не сакала никакво решение и додаде: „Тоа што го направи Ерменија е неприфатливо. Нека си го собере умот. Азербејџан не е сам. Ние како Република Турција и како турски народ сме со Азербејџан.“
Наведувајќи дека Турција ќе ја даде целата поддршка за да се заштити територијалниот интегритет на Азербејџан, Чавушоглу нагласи дека она решение што ќе го избере Азербејџан во врска со окупираните области и за Карабах, Турција ќе биде покрај Азербејџан.