Ekipa
08 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
АФЈОНКАРАХИСАР (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во турскиот град Афјонкарахисар истакна дека целта на распоредување на силите во сирискиот Идлиб е спречување на вооружени судири во потполност, јавува Anadolu Agency (AA).
„Целта ни е во потполност да ги спречиме судирите и да го олесни политичкиот процес. Астана е добра платформа за запирање на судирите но цега целта ни е да заживее процесот во Женева", рече Чавушоглу во врска со предстојното распоредување на Турските вооружени сили (TSK) во сирискиот град Идлиб, чие спроведување се очекува во рамките на договорот помеѓу Турција, Русија и Иран.
Одговарајќи на новинарско прашање, Чавушоглу потсети дека денеска имал телефонски разговори со шефовите на дипломатиите на Соединетите Американски Држави и Иран, а разговарано е за билатералните прашања, како и за ситуацијата во Ирак и Сирија.
Чавушоглу на прашањето на новинарите за времето за влегување на турската војска во Идлиб потсети дека во некои региони во Сирија ќе престојуваат набљудувачки мисии на Русија и Иран, како и Турција.
„Тоа е затоа што сите гарантираат одржување на примирје. Во Идлиб повеќето сочинуваат припадници на Ослободителната војска на Сирија, тука се и цивили од Алепо и другите делови. Постојат и порадикални елементи како и во другите региони, но им рековме на Русите и на останатите да не го бомбардираат комплетниот регион од воздух бидејќи така гинат цивили. Терористите мораат да бидат лоцирани и борбата против нив треба да биде водена на попрецизен начин. Целта ни е во потполност да спречиме судири и да го олесниме политичкиот процес. Астана е добра платформа за запирање на судирите но нам сега ни е целта да заживее процесор во Женева", појасни Чавушоглу.
Турскиот министер додаде дека движењето на турските единици ќе биде одредено врз основа на разузнавачките податоци и одлуката на врховната команда.