Bekir Ömer Fansa
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
АДАНА (АА) - Турскиот министер за ЕУ и главен преговарач, Омер Челик, за време на посетата на Трговската комора во Адана изјави дека вредностите што Турција ги застапува се црвена линија преку која не може да се премине, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција и турскиот народ имаат свои вредности. Тие вредности се црвена линија. Какви и да водиме расправии меѓу себе, за кој и да гласаме, авторитетот на претседателот на Турција е авторитет што го застапува целиот турски народ. Министерот за надворешни работи на Германија ниту е на тоа ниво, ниту има овластувања да го коментира ова прашање“, изјави Челик, реагирајќи на неодамнешните испaди на германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.
Тој реагираше и на изјавите на министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц за Турција, нагласувајќи дека овој млад министер е познат како симбол на расизмот во Европа и кој, како што рече, постојано шири расизам.
Челик истакна дека неговото политичко дејствување (на Курц), меѓу останатото, се состои и од непријателство кон Турција и турскиот претседател, како и од исламофобија.
Курц претходното во своите настапи остро ја критикуваше Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.