Mümin Altaş
28 Февруари 2020•Ажурирај: 28 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турската владејачка Партија на правда и развој (АК Партија), Омер Челик, објави соопштение во кое рагираше во врска со нападот во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Челик од Бога посака милост за херојските турски војници кои загинаа во нападот извршен од страна на режимските елементи против турските војници во Идлиб кои служат во рамки на осигурување на националната безбедост на Турција. Челик на повредените им посака брзо заздравување.
Тој рече дека Турција одговорил соодветно против овој низок напад.
„Режимот убиец и неговите охрабрувачи, ќе платат најтешка цена за ова неверство. Турција е одлучна да ја продолжи својата праведна борба која ја води во Сирија, се додека ги постигне своите цели употребувајќи ги своите права кои произлегуваат од меѓународното право“, рече Челик, портпарол на АК Партија.