Sinan Uslu
27 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, истакна дека Турција ќе продолжи да стои до Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп на социјалните мрежи реагираше против нападот на Ерменија врз Азербејџан.
„Последните напади врз цивилите покажаа дека Ерменија не само што е закана за Азербејџан, туку е непоправлива терористичка држава и е единствена одговорна за последиците што ќе произлезат. Турција со сета своја сила ќе продолжи да стои до Азербејџан“, напиша Шентоп.