Seyit Şamil Kurt
09 Јули 2026•Ажурирано: 09 Јули 2026
Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес изјави дека Самитот на НАТО, што Турција го организираше во Анкара на 7 и 8 јули, завршил успешно, јавува Анадолу.
Во соопштението објавено на турската социјална мрежа „НСосјал“, Фидан наведе дека присуството на лидерите на овој „историски Самит“ е јасен знак за довербата во Турција и во претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Тој додаде дека на Самитот, кој се одржа во клучен момент и во услови на интензивни дискусии за трансформацијата на НАТО, детално се разгледани клучните прашања од евроатлантската безбедносна агенда.
Фидан нагласи дека Самитот ги поставил темелите за „посилна Европа во рамките на посилно НАТО“ преку визијата „НАТО 3.0“.
Тој му се заблагодари на претседателот Ердоган за неговата „стратегиска визија и силно лидерство“, кои овозможија Турција повторно да биде домаќин на самит на НАТО по пауза од 22 години.
Фидан, исто така, упати благодарност до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и до министрите за надворешни работи на земјите сојузнички за блиската соработка за време на подготовките за Самитот.