Mehmet Şah Yılmaz
02 Септември 2023•Ажурирај: 04 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, го посети аеродромскиот комплекс „Етимесгут“ кај Анкара, каде што се одржува големиот саем на технологијата ТЕХНОФЕСТ, јавува Анадолу.
Љубителите на технологијата и науката продолжуваат да го посетуваат ТЕХНОФЕСТ, саемот на кој Анадолу по осми пат е глобален комуникациски партнер, организиран од Фондацијата Т3 и Министерството за индустрија и технологија на Туркије.
Заедно со Фидан, саемот го посетија и претседателот на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Претседателството на Туркије, Халук Ѓорѓун, генералниот директор на компанијата БАЈКАР, Халук Бајрактар, и претседателот на Управниот одбор на Фондацијата Т3 Селчук Бајрактар.
Фидан го посети саемот четвртиот ден од неговото отворање, каде што разговараше и се фотографираше со посетителите.
Посебно внимание привлече штандот на компанијата БАЈГАР, позната по производството на беспилотни летала.