Tuğba Altun
06 Септември 2023•Ажурирај: 06 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, синоќа имаше телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Анадолу.
Турското МНР потврди дека Фидан разговарал со Столтенберг, информирајќи дека една од темите било членството на Шведска во НАТО.
Во текот на средбата се разговарало и за најновите случувања во Украина, како и за чекорите што се преземаат за заживување на Црноморската иницијатива за жито.