Gökhan Varan
10 Април 2021•Ажурирај: 11 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговараше со својот египетски колега Самех Шукри, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дипломатски извори соопштија дека Чавушоглу и Шукри размениле честитки по повод исламскиот свет месец Рамазан, кој започнува следната недела.
Министерот Чавушоглу на почетокот на март годинава соопшти дека се воспоставени односи меѓу Турција и Египет на дипломатско ниво и нагласи дека нема причини односите на Анкара со официјално Каиро да не бидат унапредени.
Чавушоглу тогаш истакна дека за повторното унапредување на односите меѓу Турција и Египет е потребно време поради прекинот од 2013 година, додавајќи дека ниту една страна не поставила какви било предуслови за нормализација на односите.