Jeyhun Aliyev
11 Декември 2021•Ажурирај: 13 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Турската крајбрежна стража спаси вкупно 79 мигранти од Егејското Море, недалеку од брегот на областа Измир, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во оваа бројка спаѓаат 30 илегални мигранти што се незаконски истуркани назад во турските води од страна на Грција, тројца мигранти фрлени во морето од страна на Грција и 46 илегални мигранти во два гумени чамци што имале дефект на моторот“, се вели во соопштението на Турската крајбрежна стража.
Сите мигранти се однесени во обласната канцеларија за миграции.
Турција и групите за човекови права континуирано ја осудуваат грчката незаконска практика за истуркување назад на мигрантите, велејќи дека со тоа се прекршува меѓународното право и хуманитарните вредности, со загрозување на животите на ранливите мигранти, вклучително и на жените и децата.
Турција е клучна рута за транзит на мигрантите кои имаат цел да преминат во Европа и да започнат нови животи, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Турција веќе прими 4 милиони мигранти, повеќе од која било држава во светот, и презема нови безбедносни мерки на своите граници за да спречи нов бран мигранти.