Satuk Buğra Kutlugün
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот Генералштаб во денешното соопштение истакна дека сириските опозициски борци биле изложени на хемиски гас во текот на ракетен напад од страна на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот соопшти дека 22 борци - кои се борат против ДЕАШ со поддршка на турските сили во рамките на „Штитот на Еуфрат“ - се со симптоми кои укажуваат на изложеност на хемиски гас, во регионот на Халидија во северна Сирија.
Турската војска исто така, соопшти дека во судирот со терористите на ДЕАШ загинал еден опозициски борец, а 14 други се повредени.
Во меѓувреме, турските воени авиони уништија четири позиции на ДЕАШ во Анифа, во околината на Ал Баб, на северот од Сирија.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“ започна кон крајот на август, со цел расчистување на северната сириска погранична област од терористите.