Özgün Tiran
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Шумите Лонгоз кои се наоѓаат во состав на истоимениот Националниот парк во Турција, дом се на голем број животински и растителни видови, а од неодамна истиот е прекриен и со надзорни камери, јавува Anadolu Agency (AA).
Посетителите во секој период од денот и ноќта можат да го посетат овој национален парк во чиј состав, меѓу останотото, се наоѓаат пет езера, 671 видови на растенија, 481 видови на птици, 28 слатководни риби... Само оваа година националниот парк го посетиле околу 30.000 домашни и странски туристи.
Месут Коџа од Националниот парк појасни дека во светот постојат само неколку вакви паркови со овој тип на шуми. Паркот воглавно го посетуваат туристи од Европа.