Kemal Karadağ
14 Август 2020•Ажурирај: 15 Август 2020
АНКАРА
Министерот за правда на Република Турција, Абдулхамит Ѓул, изјави дека обидот за водење на енергетска политика во Источниот Медитеран без Турција не е во согласност со меѓународното право, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ѓул ги коментираше последните случувања и растечката напнатост околу Источниот Медитеран.
„Обидот за водење енергетска политика во Источниот Медитеран без Турција не е во согласност со меѓународното право“, рече Ѓул.
Тој потсети дека Турција има најдолг крајбрежен појас во Медитеранот, и подвлече дека сите иницијативи за исклучување на Турција од Источниот Mедитеран се косат со меѓународното право.