Ali Kemal Akan
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека активностите на САД во Сирија се спротивни на нормите на сојузништвото и дека официјален Вашингтон би можел да ја надмине сопствената збунетост по прашањето за иднината на регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на состанокот со челниците на регионалните безбедносни органи на Турција, Јилдирим, порача дека турските сили ќе ја продолжат одлучната борба против тероризмот и другите закани.
„Без разлика дали е ден или ноќ, лето или зима, ќе ја продолжиме одлучната борба со акцент на неутрализирање на заканите и превенција од терористички акти“, порача Јилдирим.
Шефот на турската влада Јилдирим се осврна и на ситуацијата во соседна Сирија и изјави дека тамошните американските активности се спротивни на нормите на турско-американскиот сојуз во НАТО.
Укажувајќи на спротивните и неусогласените изјави на американските официјални лица во изминатите три дена, Јилдирим изјави дека тоа е плод на збунетоста на САД кога станува збор за иднината на регионот.
Тој изјави дека САД би требал да го промени ставот во насока на изградба на мир и соработка со Турција на тој пат.
„Меѓутоа, одлучноста на Турција е апсолутно јасна и отворена. Нема да дозволиме формирање на терористичка војска веднаш зад нашата јужна граница. По тоа прашање без двоумење ќе ги преземеме сите потези во согласност со нашите меѓународни права за да ги заштитиме животите и имотот на нашиот народ и да ги заштитиме нашите граници “, изјави Јилдирим.