Ekip
01 Април 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Кандидатот на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Турција за градоначалник на Истанбул, Бинали Јилдирим, истакна дека победи на локалните избори во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
„Победивме изборите во Истанбул“, рече Јилдирим во своето обраќање во градското седиште на Партијата на правдата и развојот (AK Parti) во Истанбул.
Јилдирим упати благодарност до жителите на Истанбул.
„Упатувам благодарност до жителите на Истанбул поради мандатот што ни го дадоа во овој процес“, додаде Јилдирим.
Јилдирим посака овие резултати да бидат за доброто на Истанбул и за Турција.
„Се надеваме дека Истанбул ќе го претвориме во град каде 15 милиони жители ќе живеат среќни и мирни“, нагласи Јилдирим.