Burak Sencer Demirel
30 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
АНКАРА (AA) - Министерот за внатрешни работи на Турција Ефкан Ала во среда изјави дека последните податоци со кои располагаат властите во Турција, упатуваат на тоа дека терористичкиот напад на Меѓународниот аеродром во Истанбул го изведе терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите податоци и докази со кои располагаме упатуваат на тоа дека нападот го изведе терористичката организација ДАЕШ. Сепак, тоа не е категорично утврдено", рече министерот Ала.
Нагласи дека внимателно ги разматраат сите можни поврзаности после што многу појасно ќе биде кој стои зад нападот во Истанбул.
Поседуваме некои информации и податоци за одредени лица. Во таа смисла многу внимателно се разматраат сите поврзаности после што многу полесно ќе знаеме која организација го изведе нападот. Во тој поглед продолжуваме се сеопфатна истрага", истакна министерот за надворешни работи на Турција.