Emin Avundukluoğlu
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес изјави дека Турција ќе продолжи да го крева својот глас за Палестина и за другите угнетени нероди на меѓународните форуми, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на собирот во турската источна област Адијаман, Јилдирим потсети на резолуцијата на Генералното собрание на ОН која го отфрли потегот на САД за признавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел.
„Турција ќе продолжи да ја поддржува Палестина и угнетените народи. Ние ќе продолжиме да работиме за светскиот мир“, рече тој.
Генералното собрание на ОН во четвртокот ја усвои резолуцијата за Кудс (Ерусалим) со мнозинство гласови, повикувајќи ги САД да ја повлечат одлуката за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.