Cansu Dikme
25 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа 25 терористи ширум земјата минатата недела, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението, безбедносните сили извшриле 1.187 антитерористички операции во периодот од 18 до 25 декември.
Во соопштението се додава дека од вкупно 25 терористи, четворица биле убиени, 15 заробени, додека шестмина се предале на безбедносните сили.
За време на операциите биле извршени и 947 апсења, вклучувајќи 209 осомничени за помагање на терористичката организација ПКК, 106 лица поради поврзаност со ДЕАШ, 617 лица поврзани со ФЕТО и 15 со левичарските терористички групи.
Безбедносните сили, исто така, уапсија и 3.358 осомничени лица во текот на операциите за борба против дрогата. Минатата недела задржани се и 106 илегални мигранти.
За време на операциите во источните и југоисточните области Батман, Бинѓол, Дијарбакир, Мардин, Хакќари, Муш, Османије, Тунџели и Ширнак со контролирани детонации беа уништени 49 засолништа и пештери користени од терористите на ПКК, како и 20 импровизирани експлозиви и мини.
Безбедносните сили запленија 367 килограми материјал за правење бомби, една рачна граната, 179 парчиња муниција и 10 парчиња оружје.
Извршени се вкупно 2.449 операции против шверц, а 3.358 осомничени лица се заробени во 77 области ширум земјата.
Безбедносните сили исто така запленија 1.233 килограми хашиш, 277 килограми хероин, 7.56 килограми метамфетамини, 17.766 незаконски таблети, 2,82 килограми синтетичка марихуана, речиси 671.000 пакети шверцувани цигари и 860 литри шверцувана нафта.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, ја продлжи својата вооружена кампања против Турција во јули 2015 година. Оттогаш, одговорна е за смртта на над 1.200 припадници на турските безбедносни сили, како и цивили.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, стои зад минатогодишниот обид за државен удар во Турција во кој загинаа 250, а околу 2.200 лица беа повредени.