Dzihat Aliju
06 Мај 2023•Ажурирај: 09 Мај 2023
ВАЛАНДОВО (АА) - Во Валандово денес се одржа свечена церемонија на отворање на „30. Меѓународен пролетен фестивал Хидирелез“, пишува Анадолу.
Церемонијата во селото Чаликли, Валандовско започна со интонирање на химните на Туркије и на Северна Македонија.
На церемонијата присуствуваа министерот за внатрешни работи на Северна Макеоднија Оливер Спасовски, амбасадорот на Туркије во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, претседателот на Турската демократска партија (ТДП) и пратеник Бејџан Илјас, претставници на Меѓународниот пролетен фестивал Хидирелез, претставници на институции и организации од Туркије и од земјава и голем број граѓани.

На фестивалот, на кој свои настапи имаа ансамбли од Туркије и од балканските земји, со особен интрес се следеа борбите во пеливанство (борачи намачкани со маслиново масло).
Во рамките на програмата беа поделени плакети на поединци и институции кои придонесоа во организирањето на оваа свеченост, а гостите имаа можност да ја посетат и изложбата поставена во училиштето во Чаликли.

Во организирањето на Фестивалот покрај Министерството за култура на Северна Македонија и Министерството за култура и туризам на Република Туркије, учество зедоа повеќе институции и организации.
„30. Меѓународен пролетен фестивал Хидирелез“ кој започна на 5 мај, ќе заврши утре.