Besar Ademi
24 Јули 2017•Ажурирај: 25 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Секретаријатот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања и Министерството за правда одржаа заедничка средба во Клубот на пратениците во Скопје, посветена на спроведувањето на Планот 3-6-9, со кој Владата ќе ги спроведува на итните реформски приоритети, јавува Anadolu Agency (AA).
Вицепремиерот Бујар Османи, кој е координатор на спроведувањето на Планот 3-6-9, рече дека еден од основните предуслови за постигнување на политичките критериуми за членство во ЕУ е независно, непристрасно и професионално судство.
На прашањето на новинарите дали судиите на претходната влада ќе се заменат со нови судии, Османи рече дека нема да направат политички реизбор, но ќе ја вратат компетентноста на Судскиот совет, кој со квалитативни критериуми ќе направи суштински реформи.
„Интерпретациите во јавноста дека реизборот на судиите ќе се оствари во владата или во седиштата на политичките партии се погрешни интерпретации. Владата нема да се меша и нема да направи таков реизбор на судиите, туку оваа компетентност ќе му биде вратена на Судскиот совет, и преку квалитативни критериуми, Советот ќе направи евалуација околу тоа кои судии не треба да бидат дел од судскиот систем и кои треба да бидат“, рече Османи.
Во меѓувреме, министерот за правда, Билен Салији, рече дека во ресорот што го води се формирани работни групи што ќе работат на подготовка и изработка на неколку правни идеи, со цел враќање на сите дисциплински мерки во надлежност на Судскиот совет.
„Со ова, мислам дека ќе се постигне долгоочекуваниот и посакуван ефект, да се има независно и конструктивно судство“, рече Салији.
Освен претставници на Секретаријатот за европски прашања и од Министерството за правда, на средбата исто така присуствуваа и претставници на институциите во чија надлежност се и спроведувањето на судските мерки предвидени со Планот 3-6-9.
Планот 3-6-9 беше усвоен претходно овој месец, врз основа на програмата на Владата, Договорот од Пржино, извештајот на Прибе, Венецијанската комисија,
Комисијата на ГРЕКО (Групата на земји против корупцијата, како и препораките на ОБСЕ-ОДИХР.