Furkan Abdula
14 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - По повод годишнината од обидот за државен удар што на 15. јули беше изведен во Турција од страна на терористичката организација ФЕТО, во Скопје се одржа програма во спомен на загинатите херои и победата на демократијата во Мустафа-пашината џамија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во програмата што се одржа по повод годишнината од обидот за државен удар што во Турција, на 15. јули 2016 го изведе ФЕТО, беше побарана божја милост за херојски загинатите граѓани на Турција, а за ранетите молитва за заздравување.
Настанот започна пред петочната молитва, со читање Куран од страна на Јашар Чухадар, Неби Јашар и Мустафа Алтин.
Во петочната проповед беше прочитана пораката на претседателот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи. Реџепи во својата порака по повод годишнината од обидот за државен удар во Турција, посака божја милост за 250-те херојски загинати турски граѓани, а за ранетите брзо заздравување.
„Нам ни припадна честа да ги одгледаме новите генерации, како верни, искрени и поколенија кои ја сакаат татковината и нацијата, генерации што треба да ќе ги прифатат како свои делата за кои нашите херојски загинати ги дадоа своите животи“, изјави Реџепи.
- Беа споменати херојски загинатите татко и син Олчок
По петочната молитва, група граѓани во придружба на амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Каја, претставници на турски организации и институции и граѓани се движеа кон домот на херојски загинатите Ерол и Абдула Тајип Олчок во Скопје.
Амбасадорката Кара во своето обраќање пред домот на Ерол Олчок потсети дека по повикот од страна на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, Ерол заедно со својот син излегол на улиците на Истанбул, каде што херојски загинале.
Пред насобраните луѓе, амбасадорката Кара рече: „Нашата држава не беше поделена од страна на разбојници, не им беше предадена. Почитуваниот претседател даде збор, ќе слеземе во нивните скривалишта. Од тука даваме збор, и ние ќе слеземе во скривалиштата на овие предавници“.
Амбасадорката Кара го повика народот во Македонија сите заедно да делуваат против оваа предавничка терористичка организација, истакнувајќи: „Но ова не треба да го заборават, дека до крајот на нашиот живот, до нашиот последен здив, ќе се бориме против предавниците на оваа терористичка организација“.
Граѓаните се помолија за душите на Ерол Олчок и неговиот син Абдула Тајип, кои херојски загинаа на 15. јули.