Bojana Stojanovic
12 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
БЕЛГРАД (АА) - Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е отворен околу 11:30 часот. Тоа го изјави вршителот на должноста на аеродромот, Саша Влаисављевиќ, додавајќи дека авионот на авиокомпанијата „Egypt Air“, кому му се запалиле сите четири гуми, е тргнат од пистата, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој информираше дека пистата е исчистена и дека не е оштетена.
Портпаролот на авиокомпанијата „Air Serbia“, Никола Вукомановиќ, претходно соопшти дека седум авиони од таа компанија утрово се пренасочени на аеродромите во регионот, а се одложени или откажани 15 летови од белградскиот аеродором, кој претходно беше привремено затворен за авиосообраќај.
Вукомановиќ рече дека четири авиони слетале во Ниш, еден во Темишвар, еден во Софија и еден во Загреб.
Од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград соопштија дека до привременото затворање дошло кога на авионот на египетската авикомпанија „Egypt Air“, при слетувањето на аеродромот во главниот град на Србија му откажале тркалата, по што му се запалиле гумите.