Bedrudin Brlyavac
02 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
БЕЛГГРАД (АА) - Американскиот државен секретар Џон Кери во текот на посетата на Белград, пред средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ истакна дека САД го поддржуваат патот на Србија кон Европската Унија , јавува Anadolu Agency (AA).
"Среќен сум што сум во Белград и се радувам на разговорите за билатералните односи. Ви честитам како премиер што Вие сте тој кој ја води Србија на овом важен пат кон интеграциите во Европската Унија. Го поддржуваме тој ваш пат, бидејќи тоа е нешто ќе донесе до подобрување на оваа земја„ , рече Кери.
Кери кој допатува во Белград по повод заседавањето на Министерскиот совет на ОБСЕ, истакна дека е посебно среќен поради дијалогот на Србија со Косово.
"Се радувам на вечерашните разговори кои ќе се однесуваат на тоа како можеме да соработуваме како две партнерски земји. Посебно ми е драго што Вучиќ влезе во дијалог со Косово за да минатото се остави во минато“ , рече кери. На крај нагласи дека САД на сите земји од регионот на Балканот го делат интересот во рамките на борбата против насилниот екстремизам.
"Со сите земји во регионот како и со Србија, го делиме интересот во борбата со предизвикот, а тоа е насилниот екстремизам. Нашата голема обврска и одговорност е заедно да работиме на ова победиме за мирот, стабилноста и демократијата„, истакна Кери
Вучиќ изрази задоволство поради тоа што така важен лидер се наоѓа во Србија.
"Драго ми е што во Србија се наоѓа така важен лидер. Им благодарам на САД што ја поддржуваат Србија на европскиот пат“, рече Вучиќ.
Исто така , истакна дека е важно Срвија и САД и понатаму да работат во јакнењето на билатералните односи.
Инаку, заседавањето на Министерскиот совет на ОБСЕ се одржува во Белград на 3 и 4 декември.