Senita Şeherçehayiç
25 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
БЕЛГРАД (АА) - Под покровителство на "Халкбанк АД Белград" и во соработка со Стопанската комора на Србија во понеделникот 28 декември, во "Hyatt Regency Hotel" во Белград ќе се одржи Српски - турски бизнис форум, јавува Anadolu Agency (AA).
На бизнис форумот ќе присуствуваат и претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, претседател на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеш, копретседател на ДЕИК Турско - српскиот деловен совет Александар Меџедовиќ и претседателот на ДЕИК, Омер Вардан Џихад.
"Целта на форумот е да се претстават можностите за инвестирање од страна на турските компании во Србија: потенцијалните механизми и проекти, како и презентација на успешно имплементираните инвестиции на Халкбанк во Србија", велат од Халкбанк.
По регистрацијата во 15.30 часот, почнуваат значајни "Б2Б" средби на компании од Турција и Србија. Покрај тоа, на високите претставници ќе се обратат на учесниците, а крајот на форумот ќе биде означен со работната вечера на која ќе присуствуваат и премиерите на Република Србија и Република Турција, Александар Вучиќ и Ахмед Давутоглу.