Fatjon Cuka
23 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија во врска со лицето за кое беше соопштено дека е 5-тата жртва на новиот вид коронавирус (Ковид-19), соопшти дека кај ова лице е констатирана клиничка смрт, додека официјалната бројка на жртви изнесува 4 со смртта на едно лице , пренесува Агенција Анадолија (АА).
„61-годишниот пациент доживеа клиничка смрт. Лекарите вложуваат голем напор за да го вратат во живот, но состојбата е многу тешка. Се работи за петтиот случај соопштен од страна на Инфективната болница“, се вели во второто соопштение на ова министерство, кое ја коригираше претходната информација.
Утрово почина 43-годишен пациент кај кого бил потврден Ковид-19, хоспитализиран во Инфективната болница во Тирана, и бил на интензивна терапија.
Според информациите на здравствените институции, бројот на откриени случаи на Ковид-19 во Албанија изнесува 89, вклучувајќи ги и четворицата починати.